Холивудскиот актер Мел Гибсон изрази жалење што не му помогна на младиот австралиски актер Хит Леџер кој трагично почина во јануари лани од прекумерена доза на лекови. Гибсон изјавил дека смртта на Леџер не била случајна.
- Требаше да му се јавам уште пред многу години. Не знаев точно што се случувало со него, но не верувам дека неговата смрт била несреќен случај. На некој начин ја претчуствував трагедијата и во тој случај човекот едноставно треба нешто да направи да ја спречи”, рекол Гибсон.
Мел Гибсон е познат по тоа што и пружи пријателска поддршка на проблематичната поп-ѕвезда Бритни Спирс кога поминувала низ тешкиот период. Тој и се јавил на Бритни по телефон и и ја понудил својата пријателска помош.
- Таа е фина девојка, само поминувала низ лош период. Тоа често им се случува на младите кои се во индустријата на забавата. Јас само ја побарав, но таа самата успеја да ги среди проблемите. А вистински јунак е нејзиниот татко”, вели славниот актер.
Извор:Бекстејџ



No Responses Yet to “Мел Гибсон ја претчуствувал смртта на Хит Леџер”  

  1. No Comments Yet

Leave a Reply